Ivica Josifovic, Ph.D
- Full professor
- Goce Delcev University in Stip, Faculty of Law
- https://www.ugd.edu.mk
Д-р. Ивица Јосифовиќ е роден на 14 декември 1979 година, во Скопје, Република Македонија. Основно и Средно образование завршил во Скопје. Во учебната 1998/99 година се запишува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде дипломирал на отсек правосудни студии, на насоката за меѓународно право на 23 април 2003 година со што се стекнал со стручен назив дипломиран правник.
Во периодот 2004-2005 година студирал на последипломските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во областа на Меѓународно право и политика. По полагањето со одличен успех на пропишаните испити, на 13 јули 2006 го одбранил магистерскиот труд на тема “Политичките критериуми за прием во Европската унија на државите од Централна и Југоисточна Европа: Случајот на Република Македонија” пред Комисија за одбрана на магистерски труд во состав: проф. д-р Татјана Петрушевска – ментор, Проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова – претседател и Проф. д-р Сашо Георгиевски – член.и се стекнал со академски степен Магистер на правни науки од областа на меѓународното право.
На 26 ноември 2009 година, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ја одбранил докторската дисертација на тема “Европската безбедносна и одбранбена политика: меѓу офанзивна (само)одбрана и граѓанска безбедност”, пред комисија во состав Проф. д-р Татјана Петрушевска (ментор), Проф. д-р Денко Малески (претседател), Проф. д-р Љубомир Фрчковски (член), Проф. д-р Поликсена Гавровска (член) и Проф. д-р Сашо Георгиевски (член), со што се стекнал со научен степен доктор на науки во областа на меѓународното право.
Од 2008 до 2011 година е ангажиран на Факултетот за правни науки на ФОН Универзитет како соработник од областа на правните науки во звање Асистент. На 20 февруари 2010 година со одлука на Наставно- научниот совет на Факултетот за правни науки, едногласно е избран за наставник од областа на правните дисциплини во звање Доцент. На 08 април 2015 година со одлука на Наставно – научниот совет на Факултетот за правни науки, едногласно е избран за наставник од областа на Правото на Европската унија во звање Вонреден професор. Д-р Ивица Јосифовиќ како вработен на Универзитетот ФОН има наставен ангажман на Факултетот за правни науки, Факултет за политички науки и Факултетот за детективи и безбедност во состав на ФОН Универзитет во областа на правните дисциплини.
Од декември 2015 година е вработен како Вонреден професор на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Има наставен ангажман на Факултетот за правни науки и Факултетот за туризам и бизнис логистика кои се во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Од септември 2020 година, со Одлука на Наставно-научниот совет на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е избран во звање редовен професор од областа на Право на Европската унија. Има наставен ангажман на Факултетот за правни науки и Факултетот за туризам и бизнис логистика кои се во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Од 2014 година е предавач во Академијата за судии и обвинители во почетната обука за Модул 3 – Меѓународно право, поконкретно Право на Европската унија.
Автор на повеќе учебници од областа на Европската унија; автор на повеќе од 50тина научни и стручни трудови од областа на Европската унија; учесник на многубројни меѓународни и домашни конференции, работилници, семинари и обуки; како и учесник во повеќе реализирани истражувања и апликативни проекти и друг професионален и стручен ангажман.
Session
-
THE CHARTER OF FUNDAMENTAL RIGHTS AND THE ACCESSION OF THE EUROPEAN UNION TO THE EUROPEAN CONVENTION ON HUMAN RIGHTS – PROCEDURE, NEGOTIATIONS AND RECENT DEVELOPMENT
Abstract: The constitutional framework of the European Union (EU) today contains an impressive set of human rights provisions. The treaties declare that the Union is founded on respect for human rights, give a legally binding effect to the EU Charter of Fundamental Rights and authorize the EU’s accession to the European Convention on Human Rights (ECHR). […]