Angel Ristov, PhD
- Associate professor
- Law faculty Iustinianus Primus Skopje
Проф. д-р Ангел Ристов е вонреден професор на научната област граѓанско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје. Роден е на 19.09.1976 година во Неготино. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 12.07.1999 година, со највисок просек во генерација – 9,86. Магистрирал на 18.6.2008 година на Правниот факултет во Скопје. На 26.10.2010 година на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија ја одбранил докторската дисертација и станува доктор по научната специјалност „Граѓанско и семејно право“. Добитник е на повеќе награди и признанија од: Деканот на Правниот факултет, ректорот на УКИМ, фондацијата Франк Харкорд Манинг од Лондон, Општина Неготино – за достигнувања во образованието и др. Претседател е на Институтот за правно економски истржување и едукации Iuridica Prima и е главен и одговорен уредник на Меѓународната научна конференција Охридска школа на правото. Член е на повеќе уредувачки одбори на меѓународни научни списанија. Претседател е на стручниот совет на КИРСМ и член на стручниот совет на НКРСМ. Учествувал на повеќе меѓународни и домашни проекти од областа на правото, на голем број семинари, советувања и меѓународни конференции во земјата и странство. Автор е на повеќе од 130 научни и стручни трудови објавени во домашни и странски списанија од областа на граѓанското право. Ко/автор е на 11 универзитетски учебници и повеќе од 10 монографии.
Session
-
SEPARATIO BONNORUM-SEPARATING THE RESIDUE FROM THE PROPERTY OF THEIR INHERITOR
Abstract: With the occurrence of a person’s death, his legal subjectivity is extinguished and his inheritance is opened. The property rights and obligations of the testator are transferred to his inheritors by the force of law. In order to protect the interests of the creditors from the negligent and insolvent heirs, the institute separatio bonorum was […]