Andon Damovski

  • PhD Student
  • Organized Living Service with support in the local community

Андон Дамовски е роден на 12.12.1988 година во Скопје, каде што живее и работи. Дипломирал на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје во 2011 година. Во 2014 година на истиот Институт магистрира на насоката социјална политика. Во моментот, докторант на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет на УКИМ.

Од 2013 година работи во Установа за вон-семејна социјална заштита, со посебен фокус на подрачјето на организирано живеење за лицата со попреченост. Соработува со голем број на национални и меѓународни организации како: Асоцијација за истражување, комуникација и развој ПАБЛИК, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА, Канцеларија на Мировен Корпус во РСМ.

Во своето професионално искуство членува во повеќе работни групи насочени кон подобрување на условите на ранливите групи во општеството преку изготвување и публикување на различни документи. Активно учествува во работата на граѓанскиот сектор со што посебно се истакнува неговиот ангажман во Првата детска амбасада МЕГАШИ, Здружение на социјални работници, Национален сојуз на лица со телесна попреченост МОБИЛНОСТ.

Автор е на повеќе од 20 научни публикации од областа на социјалната политика објавени во земјата и странство. Во 2017 година ја објавува стручната монографија со наслов „Between theory and practice“во Германија, издадена од страна на издавачката куќа LAP-Lambert Academy Publishing. Исто така, учествува на семинари, национални и меѓународни конференции, студиски посети и едукации.

Неговите научно-истражувачки интереси се насочени кон: граганскиот сектор, јавните политики со посебен акцент на социјалната политика, компаративни политики и системи (Европска Унија, земји во транзиција), системи на социјална заштита и рехабилитација на лица со попреченост.

Session